| четврток, 6 декември 2018 |

Египет – Данокот на пиво им скокна за 200 отсто!

pivo

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси со денешниот најнов декрет ја зголеми акцизата на цигарите за 50 и на алкохолот за 200 проценти.

Египетскиот претседател денеска ја соопшти својата најнова одлука, што се додаде на серијата неодамнешни декрети чија цел е заздравување на буџетскиот дефицит, јавија американските медиуми.

Претседателот Абдел Фатах ел Сиси, поранешен командант на армијата кој минатиот месец беше изабран на новата функција, во предизборната кампања ветуваше дека ќе донесе тешки одлуки за да ја заздрави забавената економија.

Овој викенд, египетскиот лидер, исто така, делумно ги укина субвенциите за горивото, политички чувствително прашање кое сите претходни претседатели намерно го одбегнуваа.

Во Египет, каде речиси околу 50 отсто од популацијата живее во сиромаштија, на државни субвенции за енергенсите и основните прехранбени производи „се троши“ четвртина од буџетот, наведуваат американските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top