Во Загреб утринава во населбата Утрине, покрај зграда биле пронајдени тела на мртва жена и мало дете, а полицијата претпоставува дека станува збор за мајка која заедно со детето се фрлила од зградата, јавуваат хрватските медиуми.
Според неофицијални информации, се работи за тригодишно дете и нејзината мајка која ќерката ја повлекла со себе во смрт, фрлајќи се од зградата под се уште неразјаснети околности.
Во загрпеската полиција велат дека истрагата е во тек, како и тоа дека го бараат семејството на настраданите за да се утврди дали жртвите живееле во зградата од каде што се фрлиле. Безживотните тела на жената и девојчето ги пронашол случаен минувач кој за тоа ја известил полицијата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.