| четврток, 6 декември 2018 |

Богомир е трета жртва од сообраќајката на Ибарската магистрала

Петгодишниот Богомир Поповиќ, кој во понеделникот беше тешко повреден во сообраќајка на Ибарската магистрала, при која на самото место почина неговата 49-годишна мајка Миљана и 18-годишниот брат Ѓураѓ, почина вчера во Ургентниот центар во Белград од тешките повреди.

-Богомир по несреќата во кома е префрлен во Ургентниот центар. Имал повреди на главата, а лекарите 4 дена се бореа за неговиот живот. За жал, вчера утро, околу 6 часот почина – велат од Ургентниот центар.

Страотната несреќа се случи кај Шиљаковац додека четирчленото семејство се враќало од море во Црна Гора.

Зад воланот бил 49-годишниот Владимир кој изгубил контрола над “дачијата“, преминал во спротивната лента и директно се судрил со шлепер од Нови Пазар.

Владимир Поповиќ и натаму е на лекување во Ургентниот Центар.

– Тој повеќе не е во шок – соба. Состојбата му е стабилна и е вон животна опасност – велат од Ургентниот центар во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top