| четврток, 6 декември 2018 |

Во мода се нови мажи – спорносексуалци

Британскиот новинар кој ја создаде кованицата метросексуалец, Марк Симпсон, тврди дека се појавила нова верзија на урбан маж – спорносексуалец, а медиумите од САД и Европа веднаш го прифатија новата кованица која потекнува од зборовите спорт и порно.

Во текстот за The Daily Telegraph, Марк Симпсон пишува „Метросексуалецот е мртво. Да живее спорносексуалецот!“.

Теоријата на Симпсон вели дека и порастот на „селфите“, општествените мрежи и порнографијата резултирала со нова генерација млади мажи опседнати со своите тела и копнежот да бидат телесно посакувани. Интелектот, па и преполниот шифоњер „фина облека“ далеку помалку има значење за спорносексуалецот.

Пред неколку години Симпсон ја разви теоријата дека примамливите рекламни кампањи со италијанскиот национален фудбалски тим или со англиската фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам придонеле хомоеротскиот имиџ да стане „мејнстрим“.

Кога станува збор новите трендови кај младите мажи, во јуни германските медиуми пишуваа дека се појави нова субкултура: млади, урабни и многу екстравагантни момци или „јами” (yummies), кои што ги заменија некогашните „јапи” (yuppies).

Типичниот „јами” е многу тренди, има беспрекорен вкус во облекувањето и е многу мажевен, а, исто така, е и извонреден готвач, велат познавачите на светските трендови.

Просечниот „јами”, исто така, е во средните 20-ти години, ја сака модата и е подготвен да потроши на лускуз, што секако претпоставува добри приходи. Многумина рекле дека по тоа овој совреме тип млад маж е сличен на поранешните „јапи”, но тие преферираа брак, додека „јамите” немаат постојани девојки, туку на некои посериозни врски се подготвени дури во повозрасните години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top