Утврден е идентитетот на младото момче кое беше пронајдено утринава во водите на Охридското Езеро, соопштија од СВР Охрид.
Се работи за Александар Ѓ. (25) од кочанското село Зрновци. Неговото тело утрово во 7 и 20 часот е забележано во водите на Охридското Езеро, на околу пет метри од платформата на еден угостителски објект, во централното градско подрачје на Охрид.
На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи.
На безживотното тело не се забележани траги на насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



