-Нашата месечна проценка на БДП покажува дека во трите месеци заклучно со декември потона за 0,3 отсто-соопшти Националниот институт за економско истражување.
Од Институтот додаваат дека до падот на БДП, меѓудругото, дошло и поради вискотиот резултат од оретходното тримесечје, кога британското стопанство порасна за 0,9 отсто благодарение на летните Олимписки игри кои се одржаа во Лондон.
НИЕСР наведува дека однапред продадените карти за Олимпијадата се врачувати во економските податоци за третиот квартал, „пумапајќи го нивото на БДП во дадениот квартал“.
Владата на конзервативците и либералите во Лондон, од друга страна, одчекуваат негативен раст од 0,1 отсто.
Доколку британскиот Завод за статистика ги потврди податоците за четвртиот квартал, поголеми ќе бидат очекувањата дека Велика Британија ќе потоне во трета по ред рецесија. Во првата падна 2008 година како резултат на глобалната финансиска криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.