| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетници застрелале момче во Тетово

Вчера попладне околу 17:30 часот во с.Брвеница-Тетово, додека 18 годишниот К.М. одСтрумица, се движел во овоштарникот, забележал три малолетни лица, од кои едното во раката држело воздушна пушка.

Во еден момент испукало проектил во правец на К.М., кој го погодил во пределот на десната плешка, по што лицата го напуштиле местото.

К.М. е пренесен во Клиничката болница-Тетово каде му е констатирана влезна рана во пределот на десната плешка и по извршената хируршка интервенција е пуштен на домашно лекување.

СВР-Тетово презема мерки за пронаоѓање на лицата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top