| четврток, 6 декември 2018 |

Лозаноски: Со нетрпение ги очекувам реакциите на публиката

Vlatko-Lozanoski---Mandarina-1

Вла­тко Ло­за­но­ски со „Ман­да­ри­на“, но­ва­та пес­на во ле­тен ри­там, ја пре­ки­на кра­тка­та па­у­за на му­зич­ки план по ми­на­то­го­диш­но­то учес­тво на „Евро­ви­зи­ја“.

– Ова ле­то ми е ис­пол­не­то со на­ста­пи низ це­ла Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко и учес­тво на кул­тур­ни ма­ни­фе­ста­ции. Ле­то­то, на­ви­сти­на, ме ис­пол­ну­ва за­тоа што се­ко­гаш имам пол­на аген­да и мно­гу за­ба­ва. Од сеп­тем­ври ќе из­да­дам но­ва пес­на со ви­де­ос­пот, но за тоа не откри­вам де­та­ли.

Во 2015 го­ди­на оче­ку­вам из­да­ва­ње ал­бум, до­кол­ку сѐ оди спо­ред пла­но­ви­те што ги имам за­цр­та­но – ве­ли Ло­за­но­ски.

До­то­гаш, Ло­за­но­ски е фо­ку­си­ран на но­ва­та пес­на за ко­ја, ка­ко што ве­ли, оче­ку­ва да би­де хит и ви­стин­ски бум за овој пер­и­од.

– Со не­тр­пе­ние ги оче­ку­вам ре­ак­ци­и­те од мо­и­те обо­жа­ва­те­ли за­тоа што мно­гу вре­ме, емо­ции и труд вло­жив­ме во соз­да­ва­ње­то на „Ман­да­ри­на“ – ве­ли Вла­тко.

Vlatko-Lozanoski---Mandarina-2

„Ман­да­ри­на“ е де­ло на Ла­зар Цве­тко­ски, кој се по­гри­жи за му­зи­ка­та и за аранж­ма­нот, до­де­ка, пак, тек­стот го на­пи­шаа не­го­ва­та се­стра Маг­да­ле­на Цве­тко­ска и Ми­лан Ми­ла­нов-Ко­са.

Ви­де­ос­по­тот, кој бе­ше про­мо­ви­ран во исто вре­ме со пес­на­та, е на „Го­ри­ла про­дук­ци­ја“ и во ре­жи­ја на Ог­нен Шап­ка­ро­ски. Ка­ко ло­ка­ции за оваа љу­бов­на при­каз­на беа из­бра­ни не­кол­ку ло­ка­ции во Охрид и во Стру­га. (М.К.)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top