| четврток, 6 декември 2018 |

Киев се заканува дека ќе соборува руски хеликоптери

Украина ќе соборува руски хеликоптери во случај да го нарушат украинскиот воздушен простор, изјави денеска секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана (СНБО) на Украина Андреј Парубиј.

Crisis in Ukraine

Украинските граничари тврдат дека претходно регистрирале такви случаи, пренесува ИТАР – ТАСС.

Парубиј рече дека украинската авијација лета покрај границата со Русија и со Белорусија за да одреди каде и колку руски сили се распоредени таму, но и за оцени колку опасен може да биде правецот по украинско-белоруската граница.

Тој не ја исклучи можноста за воведување вонредна ситуација во источниот дел на земјата наскоро, наведувајќи дека СНБО веќе подготвил таков документ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top