| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата употреби шок-бомби пред Основниот суд

slikaПолицијата употреби шок-бомби против насобраните во протестот поради пресудите за случајот „Монструм“. Според информациите, полицијата со тоа успева да ги одврати насобраните пред Основниот суд Скопје 1 кон Јајапашината џамија. Насобраните фрлале солзавец кон полицијата и кон новинарските екипи. Според првичните информации, најмалку двајца се приведени од полицијата. Околу илјада насобрани тргнаа од ТЦ „Чаирчанка“ денеска по попладневната молитва, организирани преку социјалните мрежи, на протести против максималните доживотни затворски казни за обвинетите во случајот петкратно убиство на Смилковско Езеро. Насобраните кај ТЦ „Мавровка“ со камења се нафрлија кон полицијата.

монструм

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top