| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите имаат контрола врз нафтените полиња во Сирија

Џихадистичката организација „Исламска држава“ (ИД) во целост ги контролира сите главни нафтени и гасни полиња во сириската провинција Деир Езор, која граничи со Ирак, сооопшти денеска невладината организација „Сириски центар за мониторинг на човековите права“.

-ИД го зазеде нафтеното поле Танак, што се наоѓа во област од пустината Шејтат, во источната провинција Деир Езор, откако ривалските бунтовнички групи синоќа се повлекоа од овој терен – наведе Центарот, а пренесуваат француските медиуми.

-Џихадистите пред тоа го зазедоа големото нафтено поле Ал Омар. Меѓутоа, тие уште го зазедоа и малото нафтено поле Ал Вард од каде се добиваат едвај 200 барели нафта дневно. Тоа се наоѓаше во рацете на едно локално племе – изјави директорот на Центарот Рами Абдел Рахман.

ИД ги зазеде Танак и Ал Омар по повлекувањето на соперничките бунтовници од фронтот „Ал Нусра“ и другите сириски бунтовнички групи од оваа област, наведе Центарот, чие седиште се наоѓа во Лондон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top