| четврток, 6 декември 2018 |

Протести „Монструм“ – Со камења по полицијата

10531060_10152087799081741_1087219704_nНасобраните во протестот поради пресудата за случајот „Монструм“ со камења удрија по полицијата. Откако тргнаа од пред ТЦ „Чаирчанка“, тие наидоа на полицијата пред Основниот суд, каде што со камења почнаа да фрлаат по полицијата. Илјада, главно, млади луѓе скандираат пароли во кои можеше да се слушнат зборовите „полиција“, „УЧК“, „терористи“, „Алах акбар“. Тие носат албански знамиња и знамиња со исламски обележја.

Протестот, според најавите, е поради максималните доживотни казни изречени за петкратното убиство кај Смилковско Езеро.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top