Претседателот на Република Кипар, Никос Анастасиадис, повторно ќе го постави прашањето за мерките за градење доверба меѓу двете етнички заедници, и тоа ќе се случи на денешната последна средба во рамки на дијалогот со лидерот на кипарските Турци, Дервиш Ероглу, на кои се бара формулата за повторно обединување на островот. Кипарскиот владин порпарол Никос Христодулидис изјави дека кипарската грчка страна сериозно е подготвена за опсежно разгледување на ова прашање. Се очекува на денешната средба да се направи преглед на постигнатите резултати од досега водените преговори. Предвидено е кипарскиот претседател и лидерот на кипарските Турци повторно да се сретнат в понеделник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


