| четврток, 6 декември 2018 |

Путин му го честиташе 4 јули на Обама

barak-obama-vladimir-putin-1354923132-238819Рускиот претседател Владимир Путин му го честиташе националниот празник – Денот на независноста на САД на американскиот претседател Барак Обама изразувајќи надеж дека односите меѓу САД и Русија „без разлика на тешкотиите и несогласувањата, успешно ќе се развиваат на прагматична и рамноправна основа“.

Путин, исто така, укажа на значењето на градењето билатерални односи „врз основа на заемно уважување и реално уважување на  меѓусебните интереси“, се наведува во соопштението на Кремљ.

Во пораката Путин подвлече дека двете земји „кои имаат  посебна одговорност за обезбедување на  меѓународната стабилност и безбедност, треба да соработуваат не само во интерес на своите народи, туку и на целиот свет“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top