СВР Куманово поднесе кривична пријава за В.С.(63) од с. Оризаре – општина Липково, директор во Јавното претпријатие „Македонски шуми“ Куманово, за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата.
Пријавениот, во периодот од окотомври 2008 година до март 2014 година, спротивно на законските прописи и без одобрение на управен одбор или генерален директор, од благајната на Јавното претпријатие подигнал парични средства од 372.900 денари, кои требало да ги враќа на рати, но вратил само дел од парите.
Исто така, и покрај тоа што не е член на синдикатот, во четири наврати земал огревно дрво, кое не го платил во целост а извршил и набавка на поголема количина на дрво без да го води должниот надзор и без да води евиденција како е потрошено.
На овој начин пријавениот го оштетил Јавното претпријатие за износ од 394.022 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


