| четврток, 6 декември 2018 |

Следната недела ќе почне санацијата на штетите од поплавите во Хрватска

poplava_srbija_0Хрватската влада ја усвои програмата за обновување и санирање на последиците од поплавите во регионот на Вуковарско-сремската жупанија, чија реализација почнува следната недела.

Хрватскиот премиер, Зоран Милановиќ, изјави дека Владата ја следи ситуацијата на теренот и оти оценила дека луѓето се нетрпеливи, но и разумни, а обновувањето ќе се спроведе побрзо од кога и да е.

– Вистинската санација почнува следната недела кога ќе почне отсранувањето на објектите, кои треба да се урнат и да се обноват оние за кои има таква можност – истакна хрватскиот премиер и ги повика граѓаните од поплавените региони да се заложат за обновување на нивните имоти, додека училиштата и другите државни објекти ќе бидат санирани од државата.

Министерот за градежништво, Анка Мрак Тариташ, изјави дека во регионот на Жупаниско-сремската жупанија треба да бидат изградени или обновени 2.689 станбени објекти, 4.813 помошни, 4.234 стопански и 32 државни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top