| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските хокеари ги почнуваат квалификациите за СП во Финска

Mакедонската репрезентација во хокеј од денеска, во Софија ги започнува натпреварите во квалификациите за Светското првенство, кое ќе се одржи следната година во Финска.

hokej-500

Квалификациите се играат  по турнирски систем, секој со секого, а на Светското првенство ќе се пласира само најдобрата репрезентација.

Првиот натпревар Македонија го игра против Бугарија вечерва во 20 часот. В сабота нашите хокејари ќе ги вкрстат палките со Израел во 17 часот, а в недела е последниот меч против Србија во 11 часот.

Бугарскиот стручњак Пламен Галабов, кој е селектор на македонската репрезентација, за овој турнир ги повика следниве играчи:

1.         Владимир Илиевски (ХК Металург)

2.         Рок Шарлохар (ХК Долењске Топлице СЛО)

3.         Ивица Тасков (ХК Металург)

4.         Иван Бачовски (ХК Металург)

5.         Дмитриј Прокудин (ХК Сокол РУС/ХК Металург)

6.         Јуре Внук (ХК Олимпија СЛО/ ХК Металург)

7.         Стефан Децковски (ХК Партизан СРБ)

8.         Јернеј Пејанович (ХК Долењске Топлице СЛО)

9.         Давор Атанасов (ХК Јесенице СЛО/ХК Металург)

10.       Борјан Пендаров (ХК Постојна СЛО)

11.       Тарик Гочмен (ХК Металург)

12.       Кристијан Ташевски (ХК Вардар)

13.       Кристијан Грчевски (ХК Вардар)

14.       Самуел Наумовски (ХК Вардар)

За овие квалификации македонската репрезентација е засилена со неколку играчи со македонско потекло. Ова е четврто учество на македонските хокеари на квалификации за Светско првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top