Осум од 15 младински репрезентативци во кошаркарската репрезентација во генерацијата 1996/97 година се високи меѓу 200 и 210 сантиметри.
Националната младинска селекција деновиве во Маврово се подготвува за Европското првенство – Б дивизија каде што идните нови ѕвезди на Македонската кошарка ќе се обидат да влезат меѓу најдобрите нации на стариот континент.
Репрезентацијата до 18 години во Маврово ја води екс репрезентативецот Мирза Куртовиќ со чија помош сите 15 играчи се тактички и технички подготвени за настап но и високо мотивирани да дадат се од себе за го зачуваат имиџот на успешна кошаркарска нација.
На подготовките се повикани М. Милков од Фени, А. Цветковски од МЗТ Скопје, Л. Петровски од Струмица, М. Салев , М. Беслиоски, Д. Робев од Вардар, Ј. Зекири и Ј. Фета од Лирија, Б. Серафимов, Д. Пандев и М. Митев од клубот Јуниор, Д. Србиновски од Феникс, И. Веселковски Водно Санс, и двајцата играчи од странство , А. Маслинко од италијанскиот Стела Азура и О. Двојаковски од шпанскиот Каха Сол.
Стручњакот за работа со младински категории професорот Бранко Крстевски кој што во Маврово ги следи тренинзите на македонските надежи и на учесниците на меѓународниот камп на КК Јуниор каде што покрај кошаркари пристигнаа и тренери од Шпанија вели дека Македонија има одличен капацитет во младинските репрезентации до 18 и до 16 години. Според него висината на кошаркарите е од стратешка важност но за него поголема надеж дава тоа што тие се и одлично технички и психолошки подготвени да го дадат максимумот и да го повторат успехот на Перо, Бо, Гечевски и останатите.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


