| четврток, 6 декември 2018 |

Секс на страна – кога?

sex plaza

Неизбежно е по некое време во бракот интересирањето да избледи. Повремено се јавува незадоволство од сексуалниот живот, па некои се одлучуваат да побараат секс на страна. Лаура Минк, авторка на книгата „A Tired Woman’s Guide to Passionate Sex“ издвои една ситуација во која е прифатливо да се побара секс надвор од врската.

„Ако двојката се одлучи за моногамна врска, тогаш треба да работи на што подобра комуникација и нивните разговори да бидат сосема искрени, со присуство на терапевт или без него. Еден од нив може да каже ‘Знаеш, мене ми е потребен секс и ако го немам со тебе, тогаш ќе го побарам на страна’, а потоа можат да разговараат за тоа и да дојдат до решение“, вели таа.

Твана Хајнс, креатор на сајтот „Funky Brown Chick“, кој се занимава со проучување на сексуалноста и на врската, се надоврза на ова и објасни дека врската не може да фукционира ако вие и вашиот партнер не сте компатибилни.

„Сексуалната компатибилност е важна и ако вие двајца не сте сосема синхронизирани во своите желби, едниот постојано ќе биде фрустриран. Тоа само ќе придонесе за незадоволството, а другото лице постојано ќе чувствува притисок што исто така ќе доведе до незадоволство – а тоа не е здрава врска. Прекинете ја. Најдете некој што ви одговара на сите полиња“, порачува Твана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top