| четврток, 6 декември 2018 |

Во Пула пронајдени гробиштата од „Божествената комедија“ на Данте

dante aligeri

Археолог тврди дека на ридот Св Моховил ги пронашол гробиштата кои Данте Алигери ги споменува во своето дело

Додека се реконструирала водоводната мрежа во Пула, багерите закачиле подземни гробови на само триесеттина метри длабочина. Засега се претпоставува дека станува збор за гробиштата кои Данте Алигери ги споменува во „Божествената комедија“.

Археологот од Пула, Жељко Ујачиќ, кој ги води археолошкото истражување на тоа подрачје, вели дека станува збор за наоѓалиште на ридот Св. Моховил, на кој се наоѓал истоимен средновековен манастир и гробишта.

-Засега се пронајдени неколку скелетни гробови обложени со крлушки, а колку уште има наскоро ќе дознаеме, кога ќе продолжиме со работата на тоа наоѓалиште, вели Ујачиќ.

Во „Божествената комедија“ на Данте се споменува Пула и гробиштата, поради што многумина сметаат дека ова се токму тие гробишта.

Данте веројатно бил во Пула во периодот од 1304 до 1308 за што немаме точни податоци, меѓутоа во своето дело кое се состои од три дела „Пекол“, „Чистилиште“ и „Рај“, во првиот дел се споменува Пула и големи гробишта кои се простираат крај Пула, објаснува Ујачиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top