| четврток, 6 декември 2018 |

Работел како наставник со фалсификувана диплома

mvr

Тетовската полиција  поднесе кривична пријава против К.М. за сторени кривични дела фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина.

Триесет и седумгодишниот К.М., вработен како наставник во ОУ „Хасан Тасими” во село Седларево , во текот на 2012 година се стекнал со фалсификувана диплома за завршено високо образование на Факултетот по природни науки при Универзитетот во Тирана во Албанија, која потоа ја употребил како вистинска во Министерството за образование и наука во Македонија, за што му било издадено Решение за нострифицирање на истата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top