| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е најпосакуваниот ерген на светот?

Џо-Манџанело

Магазинот „Пипл“ го избра актерот Џо Манџанело за најпосакуван ерген во светот. Како што пишува магазинот, овој латино заводник знае што да бара од жените, но уште не ја има пронајдено вистинската.

– Јас сум половина Сицилијанец и многу сум страстен. Низ моето тело тече врела крв, па ако не сакате луто тогаш можеби не сте вистинската жена за мене – вели мистериозниот убавец.

Џо зад себе ги остави познатите ергени како што се актерот Џаред Лето, пејачот Ашер, актерот, Лијам Хемсворт и можеби најдобрата шанса од сите – принцот Хари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top