| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанскиот избор ја тресе Европа

 

italia-electionsНа Европа и треба што поскоро стабилна Италија. Ова е првата реакција по изборите во земјата, а неизвесноста предизвика слабеење на заедничката валита и акциите ширум Европа.

Берлин смета дека Италија мора да продолжи со реформите на техничкиот премиер Монти. Шефот на дипломатијата Вестервеле посочи дека „кога ќе дојде време да ја совладаме должничката криза, сите сме во еден чамец, Италија, Германија, Франција, Шпанија.“

Резултатите од изборите се порака за незадоволство од острите мерки на штедење наметнати од некои членки на ЕУ, смета претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц. „Луѓето го изразија незадоволството од состојбата, а тоа што се случува во Италија не погодува сите. Потребна е стабилна влада во една од најважните ЕУ членки “, додаде тој.

Тој анализира дека „има потреба за комбинирање на буџетска дисциплина и фискална строгост, со инвестирање во раст и работни места. Ова треба озбилно да се сфати“, додава Шулц, „луѓето би се жртвувале но не по секоја цена“.

Францускиот министер за финансии Пјер Московици апелираше за стабилна власт, но додава „изборите претставуваат проблем, но не го загрозуваат напредувањето во еврозоната“ .

За шпанскиот министер за земјоделие Луис де Гиндос ризикот од политичка криза по италијанските избори предизвика потреси на пазарот, но вели „само краткорочно“. За разлика од него, шпанскиот шеф на дипломатијата Хозе мануел Гарсија Маргаљо е песимист кој што предупредува дека изборите во Италија се „скок во непознато кој не ветува ништо добро ниту за Италија ниту за Европа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top