Министрите за надворешни работи на Србија и Бугарија, Ивица Дачиќ и Кристијан Вигенин, по средбата во Белград изразија заеднички став дека проектот за изградба на гасоводот Јужен тек е од животен интерес за двете земји, истакнувајќи ја важноста од енергетска безбедност и стабилност.
– Имаме заеднички став и заеднички интерес, животен интерес Јужниот тек да биде изграден и да не се расправаме за тоа со Европската комија, потенцираше Дачиќ.
Тој оцени дека Европската комисија не сака да го одобри проектот затоа што смета дека причината за него се само пријателските односи помеѓу Белград и Москва, истакнувајќи дека овој проект е важен пред се од економски интереси.
– Вредноста за изградбата на гасоводот изнесува две милијарди евра, а во изградбата ќе учествуваат многу српски фирми, изјави Дачиќ.
Двајцата министри изјавија дека Србија и Бугарија како и другите земји низ кои треба да поминува овој гасовод остануваат на ставот дека Јужен тек мора да се изгради и дека треба да се постигне договор со ЕК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



