
Истражувањето на една британска компанија спроведено на повеќе од 500 жени покажало дека 40 отсто од жените се подеднакво сексуално активни, ако не и повеќе од пред менопаузата.
Покрај тоа, 10 отсто од жените тврдат дека нивниот сексуален живот е дури и подобар отколку што беше во 30 години од животот, а исто толкав број визјавиле дека лесно би можеле да се замислат со нов сексуален партнер. И покрај фактот дека 70 отсто од жените веруваат дека менопаузата веќе не е табу тема во општеството, 42 отсто од нив сметаат дека тој период не добиваат доволно поддршка од околината. Повеќето немаат разбирање од колегите и шефовите за нивните проблеми.
Просечната возраст на која жените влегуваат во менопауза е 51 години, а овој период често се опишува како “промена на животот” и се карактеризира со промени во расположението, потење, топлотни удари и лош сон поврзани со нерамнотежа на хормоните по губењето на менструација. Но за многу жени не е точно дека менопаузата е тежок период, бидејќи многу од нив велат дека се чувствуваат сигурни, среќни и полни со енергија, особено сексуалната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


