На таканаречениот Змиски Остров, кој се наоѓа на 32 километри од брегот на Сао Пауло, живеат 4.000 од најопасните змии во светот. Овие опасни влечуги се хранат со птици, кои можат да ги уловат дури и кога тие се во лет, а и ги убиваат со отров кој може да растопи човечко месо, пишува „Дејли меил“.

Змискиот Остров е дом на златната змија, која е толку опасен што бразилската влада го забрани одењето на островот. Илјадници луѓе ги загубија своите животи поради смртоносниот отров на таа змија, по што властите се одлучија и за официјална забрана.

Единствените што смеат да стапнат на островот се неколку научници кои со посебни дозвола од Владата ги проучуваат змиите. Одвреме-навреме островот го посетуваат и членови на бразилската армија за да го одржуваат светилникот кој е изграден во 1909 година.
Островот е посебно привлечен за ловокрадците, кои уловените змии ги продаваат на црниот пазар, а цената на златната змија достигнува и до 30.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Змија кај „Ирски паб“ среде центар во Скопје (видео)
-
За некој ова е работа од соништата: Би живееле ли на овој рајски остров во Грција?
-
Непријатно изненадување: Влегол во своето комбе, а внатре го пречекала голема змија (галерија)
-
Огромна змија во снегот ги изненади Црногорците: Ако излезе змија среде зима, значи…


