-Реакциите што се појавија во јавноста се разбирливи. Во Република Македонија сѐ уште се чувствуваат последиците од конфликтот во 2001 година и многу рани не се залечени. Сепак, сакам да порачам, во својство на врховен командант на вооружените сили, дека никој во Армијата на РМ и надвор од неа не треба да се грижи за нејзиното функционирање. За време на мојот мандат досега се сменија тројца министри за одбрана, но Армијата останува она што е. Ќе се сменат многу министри, влади и врховни команданти, но Армијата не само што ќе опстои како таква, туку и ќе се зацврстува. Армијата е над секоја индивидуа и над секоја партија, таа е еден од столбовите на нашата држава- изјави Иванов.
Тој потенцира дека во АРМ нема место за дневна политика, злоупотреби и манипулации.
-Секој ќе си одговара за сѐ што направил, или не направил, во рамките на своите надлежности. Мора да сме горди со тоа што го постигнуваат војниците и старешините на нашата Армија. Затоа мора да се вреднува и да се наградува секој нивен успех, без разлика кој е министер или врховен командант- вели Иванов.
Шефот на државата изрази жалење што не успеа последниот обид за излез од политичката криза, нагласувајќи дека неговиот предлог, кој бил прифатен од премиерот, го одбил лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски. Неговите средби и телефонски разговори со Црвенковски, како што вели, завршиле неуспешно.
Иванов истакнува дека одлуката на СДСМ за бојкот не е во интерес на граѓаните, ниту во интерес на самата партија. Но, тој верува дека Македонија има капацитет да спроведе слободни, фер и демократски локални избори, според меѓународните стандарди, „и затоа не смееме да се враќаме назад“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани