| четврток, 6 декември 2018 |

Трендови од 90-тите години што се актуелни и денес

models_1299306c

Многумина би сакале некои работи воопшто да не се случат во 90-тите години на минатиот век, но некои работи повторно се актуелни. Како, на пример, карминот со боја на месо.

Сјајни сенки за очи

Од суптилни сенки за очи, преку метален сјај, па сѐ до светки, беше актуелно во деведесттите години. Колку посветло, толку подобро – таков беше трендот. Денес, овие сенки повторно се во мода, во малку поблага варијанта.

Син лак за нокти

Гвен Стефани, Мел Б., Мел Си, нема ѕвезда од 90-тите години што успеваше да му оддолее на синиот лак за нокти. Исто како што денес овие нијанси повторно се во мода, посебно кога е лето.

Неутрална шминка

Сите супермодели од 90-тите години на минатиот век, Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон, Наоми Кембел, носеа исклучително неутрална шминка. Суптилните природни тонови денес се повеќе од секси.

Бел молив за очи

Малку бел молив за очи на внатрешната линија на долниот капак ги разубавуваше ѕвездите како Џенет Џексон и Џулија Робертс. Овој стар трик испробајте го по непроспиена ноќ или мамурлак – прави чуда!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top