Манекенката и од неодамна актерка, Ирина Шајк, ја краси насловната страница на машкиот магазин „Максим“. Таа е фотографирана топлес, а интересно е дека во интервјуто се пожалила дека ѝ пречи што нејзините улоги вклучуваат соблекување.
– Штом го видам сценариото, веднаш гледам дека за мене е резервирана улога на келнерка или стриптизета. Не мислам дека би била лоша келнерка или стриптизета, знаете – изјавила Шајк за „Максим“.
Сепак, вели дека е пресреќна поради улогата на Мегара во екранизацијата на „Херкулес“.
– Тоа е грчка митологија! Ирина е грчко име, така што верувам дека тоа е судбина – рекла манекенката.
Иако полека оди кон глумата, Ирина вели дека е среќна поради финансиската сигурност која ѝ ја влева манекенската кариера.
– Тоа е работа, а не хоби. Земам 20.000 долари и сѐ трошам на чевли. Сигурна сум и независна – рекла Русинката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



