| четврток, 6 декември 2018 |

„Марка“: Тони Крос за 25 милиони евра се пресели во Реал Мадрид

Шпанскиот дневен весник „Марка“, која е блиска до раководството на Реал Мадрид, соопшти дека кралскиот клуб ги договорил услугите со Баерн Минхен за германскиот репрезентативец Тони Крос. Обесштетувањето што треба да го исплати Реал изнесува 25 милиони евра.
Крос имаше уште една година договор со баварскиот гигант, но и покрај тоа што клубот од Минхен се обиде да го продолжи договорот, тој не прифати и се реши за преселба во Шпанија.
Баерн мораше да го продаде бидејќи лесно можеше да се случи играчот, кој потекнува од младинската школа на овој клуб, в година да си замине како слободен играч без обесштетување.
Фудбалерот се наоѓа во Бразил со германската репрезентација на Светското првенство, а по завршувањето на мундијалот се очекува и официјална презентација пред навивачите на „Сантијаго Бернабеу“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top