| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички со поддршка за кошаркарите: Ние сме против правилото за шест странци

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив КК Работнички со соопштение до медиумите го поздравува прекинувањето на бојкотот на репрезентативците на Македонија и го поддржува Здружението на македонски кошаркари околу правилото за шест странци во следната сезона.
Управата истакна дека сѐ уште е против правилото за дозволен број странски играчи за следната сезона и потенцираше дека националниот тим не треба да биде место каде што ќе се кршат копјата меѓу тимовите и македонските играчи.
Соопштението не КК Работнички ви го пренесуваме во целост:

„Кошаркарскиот клуб Работнички го поздравува решението на Здружението на кошаркарски играчи да го стават штрајкот во мирување и да го прекинат бојкотот на тренинзите на Македонската кошаркарска репрезентација, и со тоа директно да не нанесуваат штета на интересите на македонската кошарка.
Како клуб со најдолга традиција, кој најмногу придонел за подемот на македонската кошарка, не сакаме да учествуваме во нејзиното уништување. Како кошаракарски работници сметаме дека имаме должност да им помогнеме на македонските кошаркари и клубови, со цел создавање на нови генерации на успешни македонски кошаркари кои со гордост ќе го носат националниот дрес.
Никој нема право да ја користи Македонската кошаркарска репрезентација како средство за подкусурување и меѓусебни пресметки.
Кошаркарскиот клуб Работнички останува на првичниот став против правилото за 6 странциа во клубовите на Првата кошаркарска лига мажи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top