| четврток, 6 декември 2018 |

Шешељ бара 12 милиони евра отштета од Хашкиот трибунал

Војислав Шешељ, претседателот на српските радикали, од Хашкиот трибунал побарал отштета од 12 милиони евра поради неоснован притвор во траење од 11 години и шест месеци.

seselj

Шешељ барањето до Трибуналот го поднел на 10 јуни годинава во кое потсетува дека на 24 февруари 2003 година доброволно се предал на меѓународниот суд во Хаг, каде што се наоѓа во затворот во Шевенинген.

Тој побарал надомест на штета поради загубена заработувачка, неискористени права од работен однос, загубени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување и други трошоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top