| четврток, 6 декември 2018 |

Матка е подготвена, свечено отворено ЕП за јуниори и сениори до 23 години

Матка е подготвена за нов предизвик, а Скопје и Македонија ќе бидат домаќини на Европското првенство во кајак на диви води за јуниори и сениори до 23 години од денеска до недела.

Најголемите таленти во овој спорт ќе бијат битка за медали во неколку дисциплини на патеката на Матка. Вчеравечер во нашиот главен град беше свечено отворен шампионатот на стариот континент со присуство на гости од 35 земји. Околу 400 натпреварувачи во следните 4 дена ќе атакуваат на добар резултат, на пласман на медали.

Kajak otvaranje 15 (Custom)

Македонија ќе има по 3 претставници во двете категории и во јуниорска и во сениорска конкуренција, за кајакари до 23 години и една претставничка Кристина Бабунска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top