| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо на промоција, Наташа Беквалац пак завршила на инфузија

ната

Познатата пејачка Наташа Беквалац синоќа не можела да ја одржи закажаната промоција на новата песна и видеоспот бидејќи од здравствени причини била принудена да остане дома. Имено, фановите ќе мора уште малку да причекаат на долго најавуваната песна „Може да поминам“ бидејќи Ната по вторпат во краток период морала да прима инфузија и на наговор на лекарите да остане во кревет.

– Драги пријатели, жал ми е што морам да ве известам дека промоцијата на новиот видеоспот и песна, која требаше да се одржи вечерва, за жал, е откажана. Мислев дека ќе можам, ама на инсистиртање на докторот, кој е кај мене од изутрина, останав во кревет. Толку ми е жал. Ве бакнувам – напишала пејачката под фотографијата која ја поставила на профилот на „Инстаграм“.

ната 2

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top