Српската композиторка и една од менторите во шоуто „Икс-фактор“, Кристина Ковач, на својот блог напиша потресна исповед за својата љубов кон своето момче Даниел, со кого е во врска веќе пет години.
„Го сакам толку многу што болката во желудникот ми минува штом ја спушти дланката на мојот стомак.
Го сакам толку многу што чувствувам гордост кога ќе видам како очите на жените нежно се шират во изненадување кога ќе сфатат дека тој не е вистинскиот татко на Тара.
Го сакам толку што понекогаш со него се чувствувам како да сум сама со себе.
Го сакам толку што, иако сум хипохондрична, за овие 5 години ниту еднаш немав храброст сериозно да размислам дека може да му се врати ракот на лимфните жлезди.
Го сакам толку што тагувам што не сум можела да го прегрнам и утешам како дете, што не сум можела од некој сигурен агол да го набљудувам целиот негов живот до моментот кога првпат ме прегрна, да гледам како расте, се бори, се буни, самоуништува, пати, живее во книгите, дише со музиката, учи, вљубува и полудува… Тагувам што не сум му прва детска симпатија, прва љубов, прва девојка што ја допира, прв трепет, прв занес, прва страст.
Го сакам толку што за мојата љубов ми се пишуваат песни, книги и најљубовни приказни, а не се осудувам да ја задоволам таа потреба бидејќи мислам дека нема зборови и тонови доволно големи и свечени.
Го сакам толку што и понатаму сакам да му родам бебе, а полнам 40 години за 3 месеци.
Го сакам толку што го натерав да ми вети дека ако умре прв, ќе ме прогонува како дух додека не му се придружам.“
Ова е само еден дел од тоа што Кристина го напиша за љубовта која ја чувствува за човекот што го засакала по разводот од музичарот Игор Пероиќ, со кого ја има ќерката Тара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.