„Концертот“ во големата сала на хотелот „Србија“, Дачиќ го отворил со „Миљацка“ од Халид Бешлич. Потоа како на лента следеле севдалинките една по друга: „Муштулук“ од Харис Џиновиќ, „Ова е моја куќа“ од Маринко Роквиќ, „Уште само една ноќ“ од Шабан Шаулиќ и така по ред, додека дамите околу него „везеле“ едно по едно оро.
Луѓето од обезбедувањето на Дачиќ се обиделе на почетокот на „концертот“ да ја дисциплинираат публиката, да забранат употреба на фотоапарати и мобилни. На почетокот тоа им успевало, но после работите излегле од контрола. Целата сала била на нозе, а огнените социјалистки го опкружиле Дачиќ не давајќи му да здивне.
Лидерот на социјалистите пред тоа, на собирот, на учесничките на форумот им упатил совети како да бидат квалификувани членови на партијата и им пружил целосна поддршка во нивната борба за независност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



