| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на Боливија се лекувал со својата урина

EvoMorales_1383933c

Претседателот на Боливија, Ево Моралес, припадник на племето Ајмар, кој е роден и израснат во околината на планинскиот појас на Андите се лекувал пиејќи ја сопствената урина.

– Додека живеев во село, за да ја излекувам кашлицата, освен лампаја и вир-вир, ја пиев сопствената урина. Тоа беше препорака од лекар – изјави Моралес, на една свеченост на која се промовирала нова медицинска опрема.

Лампаја и вир-вир се растенија кои се користат во домашното, традиционално лекување на кашлица, настинка и на ревма.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top