Српското министерството за земјоделие соопшти дека заради присуство на канцерогената материја афлатоксин затворени се 12 фарми и дека во тек се вонредни контроли на фармите по откупните места за сирово млеко. Исклучените фарми сепак ќе можат да добијат пченка од стоковите резерви и соодветно количество зеолити за да се подобри квалитетот на сточната храна на нивите. Во план е индустријата за млеко да ги преземе сите количини од фармите, без разлика на неговиот квалитет, а тоа млеко што не одговара на пропишаните стандарди да се предаде на нештетно отстранување. Она што најмногу ги плашеше српските фармери, ним ќе им биде признато правото на премии за предаден литар млеко без разлика дали тоа оди во производство или на третман на нештетно остранување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Дали вашето тело не поднесува млечни производи: Не би ги препознале овие 7 симптоми
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)