Американскиот приватен сектор осетно го засили вработувањето во јуни, што покажува дека закрепнувањето на економија забрзува, покажа извештајот што во средата го објави агенцијата за посредување при вработување ADP.
Приватниот сектор во минатиот месец отвори 281 илјади нови работни места, најмногу од ноември 2012 година. Во мај беа отворени 178 илјади работни места.
„Состојбата на пазарот на труд постојано се подобрува“, констатира Марк Занди, главен економист во Moody’s Analytics.
Судејќи според пазарот на труд, економското закрепнување забрзува“, додава Занди.
Најмногу вработувања имало во секторот професионални и деловни услуги, кој отвори 77 илјади нови работни места.
Министерството за труд официјанит епдоатоци з авработувањето ќе ги објави во четврток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.