Сопственик на градежнба фирма и архитексѕ во општина Дебар добиле кривични пријави за неквалитетно градење водовод.
МВР соопшти дека, полициската станица во Дебар поднеле кривична пријава против Ф.Б.(58) од село Ростуше, сопственик и управител на ДГ „Деком“ ДООЕЛ село Ростуше и против наведеното друштво за сторено кривично дело измама и против Г.Ц.(49) од Дебар, архитект во Општина Дебар за несовесно работење во службата.
Во периодот од април 2009 година до декември 2010 година, Ф.Б. и неговата фирма „ДГ Деком“ при вршење на градежни работи за изградба на водовод во село Могорче-дебарско, лажно прикажале дека градежните работи се изведени во согласност со основниот проект и дека причина за нефункционирање на водоводот биле обилните врнежи од дожд заради што дошло до оштетување на водоводот, иако знаеле дека поголем дел од градежните работи се нецелосно и неквалитетно извршени и се спротивно на одобрениот основен проект. По ова, Г.Ц., со пропуштање да изврши должен надзор над работата, потврдил дека градежните работи се изведени согласно основниот проект, а од страна на Фондот за води на Р Македонија на Ф.Б. и неговата фирма им биле исплатени парични средства во износ од 882.377 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.