
Колку возрасните помалку спијат, толку е поголем ризикот од предвремено стареење на мозокот.
Помалку спиење во повозрасните години значи и појава на деменција и на Алцхајмеровата болест, открива истражувањето на Медицинскиот факултет во Сингапур.
Во две години биле проучувани навиките на спиење на испитаници на кои истовремено им е правена и магнетна резонанца на мозокот. Откриле дека оние кои спијат помалку, мозокот се намалува побрзо -што е симптом на стареење на овој важен орган.
Луѓето во просек спијат 6 до 7 часа, а недоволно спиење е се што е помалку од 6 часа. За оние кои спиеле премногу малку, мозокот се намалувал во просек за пет проценти побрзо од другите испитаници во периодот на двегодишното истражување. Како што стареат луѓето, обично помалку спијат и немаат многу свесност за ефектот на должината и квалитетот на спиењето, но сега имаме докази за тоа колку е важно спиењето за правилно функционирање и одржување на мозокот, велат од тимот истражувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


