| четврток, 6 декември 2018 |

Во Русија забрането пцуење

Во Русија од вчера стапи во сила забрана на користење пцовки во филмовите, театарски претстави и книгите, согласно законот, кој е усвоен во мај оваа година, соопшти Кремљ.

Филмовите кои содржат пцовки и непристојно изразување ќе бидат забранети, а книгите со слична содржина ќе мораат да се продаваат во запечатени пакувања, на кои ќе има предупредување.

Театрите нема да можат да ги прикажуваат претставите со пцовки, а казната за непочитување на овие прописи е 50.000 рубљи (1.500 долари) за секој поединечен прекршок.

Руските медиуми јавија дека полицијата со помош на посебен софтвер „swear-bot“ вреден 25 милиони рубљи (околу 730.000 долари) ќе трага по пцовки на Интернет.

Се очекува дека тоа ќе биде проблем за системот, затоа што Русите се познати како многу креативни и инвентивни кога станува збор за пцовките.

Во рускиот речник постојат 1.200 различни изрази за пцовки само за машкиот полов орган. Рестрикцијата за пцовки и непристојно изразување ќе се однесува и на блогерите и недржавните медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top