Италијанските спасувачи кои извлекуваа тела на имигранти кои починале од гушење во преполниот рибарски брод на патот од Северна Африка кон Сицилија, денеска соопштија дека пронашле 45 тела.
Пожарникарите во заштитни одела со часови се обидувале да го пробијат тесниот пролаз под палубата, за да стигнат до телата на жртвите.
Преживеаните имигранти изјавија дека луѓето кои ги превезувале за пари ги принудиле да влезат под палубата, да ја затворат вратата и покрај нивните повици дека умираат од жештината, недостиг на кислород и испарување на моторот.
Лекарите потврдија дека 45 жртви се возрасни мажи од Централна Африка.
Жртвите се пронајдени во неделата кога италијанската крајбрежна стража пресретна брод до околу 600 илегални имигранти од Сирија, од Еритреја, од Сомалија и од Камерун кон брегот на Сицилија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.