| четврток, 6 декември 2018 |

Рускиот новинар постхумно одликуван со Орден за храброст

Рускиот претседател Владимир Путин, потпишал декрет за постхумно одликување  со Орден за храброст за Анатолиј Клијан, снимател кој беше убиен во Украина.

poginuli-ruski-kamerman-twit

Клијан кој повеќе од 40 години работел како снимател за Канал 1, награден е за херојство за време на изврушување на професионалната должност.

Во неделата навечер, Клијан (68) заедно со останатите новинари, ги снимале родителите кои барале нивните деца да бидат ослободени од воена должност, кога украинската армија на нив отворила оган.

Тој бил погоден во пределот на абдоменот, а починал во болницата поради тешките повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top