| четврток, 6 декември 2018 |

Оскар Писториус би можел да изврши самоубиство – оценуваат психијатри

Јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус кој се наоѓа на судење за убиството на својата девојка, страда од пострауматски стрес, поради што би можел да изврши самоубиство, заклучуваат психијатриските експерти кои по налог на судот во Преторија, извршија тестирање на состојбата на обвинетиот.

pistorius

Адвокатот на Писториус го прочита во судот извешатајот на психијатриската експертиза која ја побара обвинителот во процесот, објаснувајжи дека атлетичарот не може да ја прежали убиената Рева Стенкамп.

Во заклучокот на експертизата се вели дека Писториус, сепак, не бил ментално несвесен кога пукал.

Обвинителството тврди дека јужноафриканскиот олимпиец и спортски херој на својата земја, намерно пукал и ја убил Стенкамп, по една бучна и бурна расправија во неговата куќа во Преторија, додека тој се брани оти станува збор за трагична грешка.

Според обвинетиот Писториус, тој навистина пукал во вратата од бањата, но кога слушнал нејасни шумови во просторијата, мислејќи дека има крадец во куќата, а не знаејќи дека во неа се наоѓа неговата девојка.

Инцидентот се случи на 14 февруари, минатата година, додека судскиот процес започна на почетокот од март годинава и се претвори во глобален настан.

Во текот на судењето беше речено дека Писториус кому му се ампутирани двете нозе до потколената, има чувство на несигурност, дека тоа е особено забележливо кога ги нема на себе двете протези, но и дека е избувлив и лесно „се фаќа за оружјето“.

По Олимписките Игри во Лондон, во 2012 година, на кои Писториус стана првиот атлетичар во светот, кој се натпреваруваше и на Олимпијадата и на Параолимписките игри, стана светска спортска икона, што му овозможи своите приходи да ги заголеми за пет-шест пати.

Писториус (27) и Рева Стенкамп (29) позната јужноафриканска манекенка и фото модел, беа заедно само три месеци, пред трагичното пукање од пред 1,5 година.

Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие казна од доживотен затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top