| четврток, 6 декември 2018 |

ДОМ бара средба со загадувачите Макстил и Југохром

загадувањеДемократската обнова за Македонија бара средба со менаџментот на Макстил и на Југохром, како единствени големи загадувачи што не прифаќаат еколошки дијалог, но и единствените што го пробија рокот за прилагодување, соопшти денеска партијата.

– На нив не делуваат ниту изречените казни, ниту апелите на граѓаните, тие продолжуваат со загадување, правејќи профит врз здравјето на сите нас. ДОМ бара средба со менаџментот на овие фирми, во присуство на невладини организации и граѓани, за да се соочат аргументите и да се излезе од зачадениот тунел. Доколку, пак, продолжи нивниот арогантен однос, ДОМ бара Инспекторатот за животна средина да изрече забрана за работење. Загадувачите што не сакаа навремено да вложат во свое еколошко прилагодување, треба сега да сопрат со работењето и да не спасат од ерупциите на отровни материи, стои во соопштението од ДОМ.

ДОМ потсетува дека на овие избори беше договорен еколошки програмски пакет, во кој една од петте точки е стоп за загадувачите и очекува сите партнери да се заложат ова да се реализира, зашто е во интерес на секој граѓанин на Македонија, независно од политичка, етничка или друга боја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top