| четврток, 6 декември 2018 |

Фаталната ќерка на Бјелогрлиќ

Мина Бјелогрлиќ, ќерка на познатиот актер и режисер, Драган Бјелогрлиќ, израснала во вистинска убавица и веќе крши машки срца и буди завист кај понежниот пол.

миа

Во тоа се уверија и сите оние кои се активни на социјалните мережи, каде Миа често поставува свои слики. На Фејсбук страната веќе има 3.000 следбеници. Бјелината миленичка, многу личи на својата мајка Маја, која била манекенка  и која пред да се омажи работела во Париз.

миа 2

Миа завршила Трета белградска гимназија со одличен успех и наскоро треба да реши што ќе студира. Актерот е противник на ќеркината желба, јавно да се експонира, иако како девојче имала епизодна улога во серијата „Театар во куќа“.
– Миа сака да се слика и фотографиите да ги објавува на социјалните мрежи. Едно време интезивно размислувала да се занимава со глума, но таа идеја на Бјела не му се допаѓаше, бидејќи мисли дека тоа е професија која е тешка за жени – рекла една од другарките на Миа.

миа 3

Ќерката на Бјелогрлиќ одлично зборува англиски, свири гитара и клавир и ужива во вечерните излегувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top