| четврток, 6 декември 2018 |

Министерството за финансии исплати 124,8 милиони денари за житни и индустриски култури

slider-Bisporomet-Zito

Министерството за финансии денеска исплати 124,8 милиони денари за субвенции за производство на полјоделски култури.

Станува збор за 4.889 земјоделци кои одгледуваат житни и индустриски култури. Висината на мерката изнесува 9.000 денари по хектар обработена површина.

Со истекот на забраната за исплата на субвенции заклучно формирање нова влада согласно Изборниот законик, Министерството за финансии продолжува со исплата на субвенциите. Оттаму велат дека целта е брза и уредна исплата на субвенциите на земјоделците како поддршка на една од носечките гранки на стопанството-земјоделието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top