| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарија продолжува со „Јужен тек“ додека не ѝ понудат алтернатива

Hungarian Prime Minister Orban reelected by parliamentПремиерот на Унгарија, Виктор Орбан изјави дека неговата земја ќе ја продолжи изградбата на гасоводот Јужен тек, додавајќи оти ако некој сака да го спречи проектот, мора да предложи алтернатива. Орбан, на заедничката прес-конференција со српскиот премиер Александар Вучиќ во Белград, истакна дека предложил двете земји да се поврзат со мрежа за дистрибуција на енергијата. Орбан потенцира дека Унгарија е подготвена за таков проект.

– Унгарија ќе го изгради Јужен тек бидејќи со тоа ја подобрува својата безбедноста во енергетското снабдување и нема да дозволиме да дојдеме во ситуација Унгарија да зависи од Украина, посочи Орбан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top