| четврток, 6 декември 2018 |

Жените жалат за попатен секс, мажите што не биле полуди

sex

Истражувачите од Универзитетот Тексас во Остин ги проучувале податоците од три различни студии, а со една од нив биле опфатени повеќе од 24.000 учесници. Научниците дошле до тоа дека мажите и жените жалат за различни работи кога се работи за нивното сексуално минато. Додека мажите повеќе жалат за сексуалните авантури што останале неостварени, жените изразуваат жалење поради работите што ги направиле. 

ЖЕНИТЕ НАЈЧЕСТО ЖАЛАТ:

1) што изгубиле невиност со погрешен партнер (24 %)

2) што го изневериле сегашниот или поранешниот партнер (23 %)

3 ) што пребрзо се согласиле на секс (20 %)

МАЖИТЕ ЖАЛАТ:

1) што пропуштиле да пробаат сексуално да ѝ пријдат на потенцијалната партнерка (27 %)

2) што немале повеќе сексуални авантури во младоста (23 %)

3) што немале повеќе сексуални авантури кога биле сами (19 %)

 

Истражувачите објаснуваат дека мажите жалат што не биле полуди, а жените покажуваат каење што имале попатен секс поради можните последици на репродуктивен или на емотивен план.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top